Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Го замолуваме Зоран Заев да престане да ја потценува и понижува јавноста

Македонија гори, Влада се чешла, вака реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ на одлуката на Владата за формирање оперативен тим за борба против корупцијата и криминалот.

„Да не го живеевме овој ‘блескав живот’, живот исполнет со рекети, нарачани пресуди и криминал, одлуките на Зоран Заев ќе беа за смеење. Вака, одлуките се трагични и покажуваат колку тој и картелот околу него се загубени во времето и просторот.

ВМРО-ДПМНЕ го замолува Зоран Заев да престане да ја потценува и понижува јавноста. Вие сте олицетворение на криминалот и вие ја ставивте цела држава и сите институции на располагање на мафијата.

Подобро вратете се на плажа, отколку вака бесрамно, со лицемерни одлуки да ги лажете граѓаните. Само оставка е спасот. Власта која го создаде криминалниот октопод, спроведе милионски рекет, монтираше судски случаи и што ли уште не, сега формира оперативен тим за бескомпромисна борба со корупцијата. Слушнавме дека Заев барал ургенции за разрешување на претседател на суд, а сега треба да веруваме дека човекот кој има толкаво искуство во криминалот, не знае дека МВР, УБК, БЈБ, УЈП, Финансиска полиција, УФР, Царинската управа и другите институции од областа на безбедноста и финансиската контрола имаат законска обврска да се борат против криминалот и корупцијата.

Тоа што институциите под контрола на Заев не си ја работат работата е вина на Заев кој лично е на чело на криминалниот октопод”, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе