Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Го молиме Заев да не биде храбар, неговата храброст е себепонижување на Македонците

Не е храброст сѐ што ќе му стават на маса да потпише, Заев нека се замисли зошто до сега никој пред него не постигна договори како него. Го молиме Заев да не биде храбар, зошто кога е тој храбар граѓаните глава ги боли. Ниту еден државник во изминативе 30 години не отвораше воопшто прашање со Бугарија затоа што тоа е негирање на македонската нација, јазик и историја. Ниту Глигоров, ниту Кљусев, ниту Трајковски не потпиша договор со Бугарија каков што Заев потпиша, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на македонскиот премиер Зоран Заев.

Нека ги праша Заев советниците околу него зошто до сега нема договор со Бугарија, и зошто до сега никој не го потпишал, а ако тие не сакаат да му кажат, еве му го одговорот, затоа што никој до сега не сакаше да ја понижи нацијата како што тоа го прави Заев, неговата храброст е себепонижување на Македонците.

Заев само треба да ја почитува Декларацијата која ја предложи ВМРО-ДПМНЕ, а ја поддржаа сите парламентарни партии, вклучително и СДСМ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе