ВМРО-ДПМНЕ: Гласот на тивкото мнозинство ќе одлучи за создавање на нова иднина

Најголемиот глас на овие избори е гласот на тивкото мнозинство. Тоа се луѓето чиј глас не се слуша на телевизија, тоа се луѓето од улиците, од плоштадите, од полињата. Гласот на тивкото мнозинство е гласот на разочараниот работник, на револтираните млади, на тие кои имаат своја компанија и се борат за нејзин опстанок секој ден, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Гласот на тивкото мнозинство е глас на работниците по скелињата, на образовните и културни работници кои се потиштени, тоа е глас на актерите кои сонуваат за големи улоги. Тивкото мнозинство се и земјоделците кои работат на нивите и ја хранат нацијата. Сите овие луѓе мора да знаат дека нивната, но и иднината на Македонија зависи лично од нивниот глас. Тоа тивко мнозинство може да создаде нова среќа, надеж и нов почеток.
Затоа го повикуваме огромното тивко мнозинство да излезе и на 17 октомври да го даде својот глас за промени. Заедно да создадеме иднина, а не друг да ни ја крои судбината“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе