ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите поранешни угледни членови на партијата да помогнат во вториот круг

Зоран Заев и власта се целосно делегитимирани и ВМРО-ДПМНЕ е на чекор од победа на претседателските избори, констатирано е на вечерашната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на која што се анализираше исходот од првиот круг на изборите за претседател на Република Македонија.

„Резултатите на првиот круг на изборите покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ во моментов е најголемата политичка сила и ја има поддршката од домашната и од меѓународната јавност, а наскоро по победата на претседателските избори ќе ја води државата. Членовите на ЦК го поздравија одличниот резултат постигнат на првиот круг на претседателските избори, при што изразија целосна подготвеност и решеност да се поминат и последните милиметри до конечната цел, до конечна победа на овие претседателски избори.

Пред присутните беше пренесена и пораката од кандидатот Гордана Сиљановска Давкова која изрази голема благодарност за поддршката и безрезервната доверба кон неа, како и нејзината решителност да ја порази неправдата која владее во Република Македонија.

Анализата на добиените гласови по општини и изборни единици покажуваат победа на ВМРО-ДПМНЕ во 47 општини, што се должи на успешното препознавање на програмата на ВМРО-ДПМНЕ и на волјата на граѓаните да расчистат со криминалните политики на власта. Незадоволството на граѓаните е големо, расте со секој изминат ден и тоа ќе биде изразено на денот на изборите. Ниеден притисок, ниедна уцена од апсолутистичката власт не е посилно од сувереноста на гласот зад параванот. Оттука, упатен е апел до неопределените и оние кои не излегоа на гласање на првиот круг на овие избори, а не се согласуваат со политиките на власта, на вториот круг да излезат и да дадат поддршка за Гордана Сиљановска Давкова. 

Од Централниот комитет беше упатена и покана до сите поранешни функционери и видни личности од ВМРО-ДПМНЕ на сите нивоа, да се вклучат и да помогнат во изодувањето на последните милиметри до победа на Претседателските избори 2019“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе