ВМРО-ДПМНЕ: Ги осудуваме навредите од Заев кон новинари и врз основа на сексуална ориентација

Криминалците се во Владата и ги води Зоран Заев. Тие ја уриваат Македонија и единствен начин да се спаси државата е да бидат поразени, реагираше ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на премиерот Зоран Заев.

„Зоран Заев е во очевидна паника. Доказите кои излегуваат во јавноста за случајот ‘Рекет’, кои го стегаат обрачот околу него се флагрантни и од нив нема бегање. Одговорност мора да има.

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува навредите и заканите на Заев кон новинарите кои го обелоденија неговиот криминал. ВМРО-ДПМНЕ ги осудува и навредите врз основа на сексуалната определба.

Настапот на Заев докажува дека Боки Тредичи е негова креатура и дека знаел за се што се случува. Толкав гнев и агресија кон луѓе со понаква сексуална ориентација може да се објаснат само со огромна блискост во минатиот период”, пишува во соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. 

Од партијата додаваат дека „Заев е очигледно исплашен од медиумските написи дека осомничениот Боки Тредичи има докази против него и ќе ги обелодени”.

„Заев е главата на октоподот, мозокот кој ги движи пипките како Боки Тредичи, Зоки Кичеец и Катица Јанева. Заев е човекот без чие знаење милионскиот рекет кој траел со години воопшто и не би бил можен. Господине Заев одете си и оставете Македонија да заздрави од вас. Правда во Македонија ќе има, но не со вас на власт”, се додава во соопштението.

 

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе