ВМРО-ДПМНЕ: Фирмите пропаѓаат, но не и таа на братот на Љупчо Николовски, пораст за приходи од 2.100%

Македонија е на 111-то место во борбата против корупцијата според Транспаренси  интернешнл затоа што тие кои треба да се борат, се најкорумпирани. Љупчо Николовски, вицепремиерот за (анти)корупција да каже како е можно фирмата на неговиот брат за една година да има пораст на приходите за неверојатни 2.100%, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Да измислеше фирмата на братот на Николовски лек против корона или да произведуваше вакцини па немаше ваков вртоглав раст на приходите да оствари за кратко време? Како во многу други случаи и овде смрди на матни зделки и огромна веројатност за корупција и злоупотреба на службена должност.

Во Македонија фирми со децениска историја отпуштаат вработени, а фирмата на владиниот функционер рапидно скока. Николовски е должен да излезе во јавноста и да даде одговори и да понесе одговорност. Власта е изворот на корупцијата во Македонија. Власта на Заев во европски рамки стана симбол за криминал. Љупчо Николовски е типичен претставник од таа власт на Заев по секој основ, а гледаме и по основниот Заев модус операнди“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе