ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев со студија од 35 страници сакаат да потрошат над пола милијарда евра за Клинички центар

Македонија со Заев и Филипче се претвори во црна дупка во Европа среде пандемија од ковид-19 вирусот. Бројките и меѓународните извештаи тоа го говорат. Имаме најголема смртност во светот, најмал број на вакцинирани граѓани и сето тоа е резултат на нивната неспосбност и немање на стратегија. Можеби немаат стратегија за справување со ковид 19, ама затоа секогаш имаат план за сомнителни зделки и матни набавки“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Еднаш се обидоа со провизии при набавка на кинеските вакцини, сега се обидуваа на крајно скандалозен начин да протуркаат изградба на клинички центар, кој е потенцијален коруптивен бизнис од над половина милијарда евра.

Цели четири години ја замајуваат јавноста со градење на овој капитален објект во здравствената инфраструктура, цели 4 години прво бараа простор, па пуштаа неколку фотографии, за сега со некаква физибилити студија од само 35 страни да сакаат да почнат изградба. Замислете градење на капитален објект најкорумпираната влада во Европа сака да го почне со смешна физибилити студија од неколку страници и за тоа да потрошат 508 милиони евра. Дополнително што таа физибилити студија ја базираат на анализи од 2009 години, чии податоци се застарени и не одговараат на реалната слика и на ковид-реалноста во која сме веќе една година. Оваа физибилити студија не нуди целосно решение, туку треба да биде само замајување на јавноста во скандалозно трошење над половина милијарда евра само за објект, и уште неколку стотина милиони евра за дополнителна инсфраструктура.

Но, двоецот Заев–Филипче, како и за набавката на вакцини преку фантом фирми од хонг конг, така и за изградбата на клинички центар планира на крајно сомнителен начин да троши огромни народни пари среде епидемија без да понуди план, издржан проект или конкретна стратегија.

Здравјето на граѓаните и здравствениот систем се премногу скапа играчка за нови баснословни иматни бизниси на овој двоец“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе