ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев сѐ уште не набавија ниту една вакцина

Сите земји во светот и Европа почнаа со вакцинирање против корона кон крајот на декември минатата година или некои почеток на јануари годинава. Крај на февруари е, на праг е март, а Венко Филипче и Зоран Заев не успеаја да набават ни една вакцина, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Единствени вакцини кои ги има во државава се оние од донацијата од Србија, а се вакцинира медицинскиот кадар кој е на првите борбени редови, а треба буквално сите медицински работници да се вакцинираат, треба да се вакцинираат возрасните, треба да се вакцинираат оние со повеќе хронични болести, секако има и многу други кои сакаат да се вакцинираат.

Но, вакцини нема. Филипче ги осуди на смрт граѓаните.

Во периодот откако другите земји почнаа да вакцинираат до сега во Македонија има околу 700 починати или околу 350 лица месечно починуваат од корона. Колку од нив ќе беа спасени да имаше вакцини?

Она што Филипче и Заев кажуваат се само лаги, па само за неделава најавија вакцини од повеќе производители, но стигнаа само оние до 8.000 од Србија. За ваквото однесување мора да има одговорност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе