Партиско соопштение

ВМРО-ДПМНЕ: „Фараонот“ Шилегов купува скапи клупи и чешми, а има населби без канализација

Град Скопје четири години стагнира, без ниту еден капитален проект, а за тоа е најзаслужен градоначалникот Петре Шилегов, кој се расфрла со народни пари и продолжува со недомаќинското работење, обвинува преку соопштение ВМРО-ДПМНЕ. Партијата вели дека додека дел од граѓаните немаат водовод или и канализација, дека Шилегов се расфрла со пари купувајќи во регионот најскапи улични чешми и поставува скапи клупи од тропско дрво.

„Додека жителите на Маџир Маало во централното подрачје на Скопје во 21 век немаат канализација, Шилегов троши 500 евра за клупа од тропско дрво, иако клупа за иста намена чини речиси три пати помалку. Секој кој домаќински работи би платил толку за три клупи, но за Шилегов и оваа цена е одлична, а зошто, знае само тој. Покрај оваа фамозна набавка на клупи, треба да се напомене дека беа набавени и чешми во висина од 1500 евра по парче, што најверојатно се најскапите чешми кои биле некаде поставени во регионот. Шилегов треба најпрво да знае дека во неколку општини граѓаните немаат вода за пиење поради нарушената и исцрпена водоводна мрежа, која тој очигледно нема намера да ја ревитализира", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Шилегов во соработка со неговиот колега Богдановиќ координирано направија масовна сеча на дрва и зеленило низ цело Скопје, а последен случај беше соголувањето на улицата „Орце Николов" каде што не остана ниту едно од постојните стари дрва, по кои беше препознатлива улицата.

„Откако ја изманипулираа јавноста дека отстранувањето на дрвата било неопходно, Шилегов набавил садници во висина од 9,5 милиони денари, што укажува на расипничкото и недомаќинско менаџирање со парите на скопјани. Изминатиот период беа спроведени анкети во однос на локалните избори, на кои скопјани јасно го искажаа своето мислење за Петре Шилегов, а тоа е дека над 69% не се согласуваат со неговите расипнички политики и лошото менаџирање. Казната ќе стигне! Скопјани заслужуваат многу повеќе", се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе