ВМРО-ДПМНЕ: Европа ни ги затвoра границите препознавајќи ја неспособноста на Заев и Филипче

Тоталната незаинтересираност на Заев и Филипче за здравјето на граѓаните, резултира со тотално фијаско на здравствениот систем во  борба со корона вирусот. Европа ни ги затвoра границите препознавајќи ја неспособноста на Заев и Филипче. Не сакаат да ги загрозат здравјето и безбедноста на нивните граѓани заради тоа што Заев и Филипче ја запоставија корона кризата и се фрлија на коруптивни афери, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Вчера имаше 126 нови случаи на заразени од корона, и 4 починати. Заев и Филипче од Македонија направија црна точка во Европа. Заради Заев и Филипче имавме втор пик во јуни. Затоа што наместо да си ја работат работата, Заев договарал и местел тендери, земал поткуп и менаџирал рекет.

Здравјето на граѓаните било во втор план, затоа што во прв план било земањето на 300.000 евра од Дака. Заев и вчера не кажа за што ги потрошил тие 300.000 евра кои ги земал од Дака. Додека граѓаните ги чувствуваат последиците од коронакризата, Заев и неговите функционери бројат милиони од поткуп.

Заев уште молчи, а ЈО не презема ништо за тврдењето на Боки 13, дека парите кои тој ги рекетирал завршиле кај Зоран и Вице Заеви. Македонија се наоѓа во оваа состојба на без излез и апатија, затоа што наместо да се работи, Заев и СДСМ три години мислеа само на криминал, корупција и рекет.

Македонија тоне, а тие штанцаат лиценци за марихуана, местат тендери за РЕК Битола, рекетираат фирми. СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе