„Во денови кога народот протестира за поскапената струја, Заев преку АД ЕЛЕМ му даде тендер од 6.4 милиони евра на Силјан Мицевски, кој јавно на суд призна дека го финансирал СДСМ.
Лага е дека струјата поевтинила. Граѓаните нека ги споредат сметките од 2017-та и денес и ќе видат дека Заев драстично ја зголемил цената за да го покрие својот криминал”, пишува во соопштението.
Според партијата, целиот енергетски сектор се користи за испумпување на парите на граѓаните во приватни џебови, на лица блиски до власта.
„Струмичка агенција за обезбедување испумпала десетина милиони евра преку универзалниот снабдувач на електрична енергија, камиони со струмички регистарски таблички вртат во РЕК Битола, а фирмите на финансиерите на СДСМ добиваат милионски тендери за ископ на јаглен и јаловина. Желбата за профит е причина за поскапената струја, и сите лоши политики во енергетиката”, додава ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата бараат Владата да ја врати старата цена на струјата, да има викенд без ДДВ во септември и да се направи професионализација на РКЕ и најавува дека ќе продолжи со притисокот преку протести.