„Адеми удираше пратеници со раце, а потоа ги гаѓаше со тврди предмети, со што можеше да го загрози нивниот живот. Тоа што Адеми не погоди никого директно е само случајност и среќа на присутните пратеници. Интенцијата на Адеми беше да им нанесе физички повреди и тоа се гледа од снимките.
Нападот на Арбер Адеми покажува како СДСМ и ДУИ ја сфаќаат демократијата. Секогаш кога не е како што тие сакаат, се закануваат и напаѓаат. Но веќе не поминуваат испадите на СДСМ и ДУИ.
Со нивните испади во Собранието нема да го запрат нивниот пад. Избори што поскоро“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.