ВМРО-ДПМНЕ: Доаѓа крајот на криминалот, корупцијата и непотизмот

После 5-ти мај во Македонија има нова политичка реалноста, a падот на криминалната и одродена власт е започнат и неизбежен процес. Уште еднаш се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија со најголема доверба кај народот. На 5-ти мај аболицираниот Зоран Заев доби врел шамар од граѓаните, кои јасно го изразија својот став дека се за промени и за ставање крај на криминалното владеење на СДСМ, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните покажаа дека им е доста од неостварените ветувања, неисполнети очекувања, криминално владеење во кое буџетската сметка единствено се користи за богатење на партиски функционери на СДСМ и нивните роднини.

На граѓаните им е доста и гласаа против, криминалот, корупцијата и непотизмот на Зоран Заев и СДСМ, гласаа против криминалните тендери и грантови, ароганицијата на власта и пеколот кој го го донесе СДСМ, а кој беше најавен како живот.

Покрај сите закани, притисоци и уцени, граѓаните се одважија и излегоа да стават крај на погубните политики на Зоран Заев. Поддршката за политиките на ВМРО-ДПМНЕ и покрај сите закани, притисоци и уцени порасна од првиот до вториот круг за 60 илјади гласови.

Сите оние кои излегоа во време на неправда се херои кои покажаа дека Македонија им е најважна. Заслужуваат почит и сите оние кои не гласаа за ВМРО ДПМНЕ, како и граѓаните кои решија да останат дома, со уверување дека времето ќе покаже дека ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор.

Бројките покажуваат дека доаѓа крајот на криминалот, корупцијата и непотизмот. Граѓаните бараат и очекуваат право и правдина“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе