Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Димитров најавува нови злоупотреби во Собранието за претседателските избори

Никола Димитров прифати штетен договор со кој што ги операционализираше сите црвени линии на Грција, а не заштити ниту еден македонски национален интерес. Со потписот на Димитров за жал власта за една намена презеде обврски во насока на бришење на уставното име на РМ, идентитетот на македонскиот народ, македонската историја и култура, а презеде и отворени опции за нови и натамошни условувања, реагира ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на шефот на македонската дипломатија за турската агенција Анадолиа.

„Народот неколку пати порача што мисли за капитулантскиот договор и за Димитров и неговите шефови Заев и Шекеринска. Народот ги игнорираше забавите на Димитров, народот го игнорираше референдумот, народот ќе ја игнорира и забраната за употреба на придавката македонски и забраната за користење на македонски топоними.

Димитров нема аргументи за извршеното предавство и упадот во уставниот поредок, за условување, заканите и корупцијата во Собранието, насилството врз судскиот и обвинителскиот систем. Нема одговор ниту за прозивките од ЕУ дека капитулацијата не е доволна за почеток на евроинтеграцијата.

Наместо одговор, Димитров најави нови злоупотреби на Собранието во екот на претседателските избори. Оваа власт поинаку и не знае и не може. На Република Македонија ѝ се потребни предвремени парламентарни избори, избори на кои ликови како Димитров ќе заминат на буништето на историјата“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе