ВМРО-ДПМНЕ: Дали Македонија не може да издаде еврообврзница?

Повеќе фактори долго време укажуваат дека Владата не може да излезе на меѓународниот пазар на капитал и да издаде нова еврообврзница, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Прво, заемот за претпазливост и ликвидност од Меѓународниот монетарен фонд покрај тоа што требаше да ни обезбеди ликвидност за финансирање на буџетот, требаше да биде котва на сигурност пред меѓународните инвеститори. Но, наспроти ветувањата за лесна достапност на средствата ММФ со поволна каматна стапка од 1%, некредибилните политики од претходниот период на ковид кризата и нереално планираната фискална стратегија на среден рок го одложија заемот од ММФ. Што треба да се смени за да го добиеме, останува да видиме.

Второ, наместо навремено обезбедување на средства за справување со енергетската криза преку издавање на еврообврзница на долг рок, Владата крпи и се задолжува на краток рок кај комерцијални кредитори. Потврда за тоа е краткорочниот заем од 50 милиони евра од Шпаркасе банка со каматна стапка утврдена како Еурибор (кој рок не кажаа, ама е во секој случај е варијабилен дел од каматата) и маргина од 1,15%.

Трето, последната одлуката на Владата да се задолжи на германскиот пазар на хартии од вредност со 250 милиони евра преку „Namensschuldverschreibungen“ или т.н. регистрирана обврзница којашто ја издава Дојче банк преку еден вид на директна спогодба со потенцијални инвеститори потврдува дека Македонија не може сама да гарантира за својот долг. Затоа ни треба квалитетот и репутацијата на Дојче банк.

Четврто, оправдувањето дека каматната стапка на најновото задолжување е тековно најповолна не држи. Каматната стапка изнесува 3,75% плус 6 месечен Еурибор, којшто тековно е околу 1,85% и е варијабилен, а во иднина уште повеќе ќе расте. Тоа значи дека за рок од 4 години и шест месеци (рокот на отплата од 3 години и 18 месечен грејс период) имаме тековно камата од 5,6% со веројатност да биде уште повисока. Доколку издадевме еврообврзница индикативната камата според министерството на финансии ќе беше околу 8%, но рокот на којшто базира оваа оценка е за еврообврзница со рок на доспевање повеќе од седум или повеќе години.  

Петто, оправдувањето дека каматните стапки за издавање на еврообврзница сега се високи и дека во иднина се чекаат поповолни услови нема никаква рационална подлога. Затегaњето на монетарната политика од страна на глобалните централни банки и напуштањето на квантитативното олеснување во услови на зголемен потреба за финансирање на енергетската криза во Европа само ќе значи помала ликвидност на меѓународните финансиски пазари и зголемени трошоци за задолжување во иднина. Колку повеќе чекаме, толку поскапо нѐ чини. Прво, зошто немањето пари не остави без мерки, а отсуството на мерки направи големи штети и висок ризик за прелевање на енергетската криза од еден во друг сектор на економијата. Од енергетска криза влегуваме во финансиска криза. Второ, кога надворешно пазарно ќе се задолжиме, цената ќе биде повисока отколку пред шест месеци“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе