Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Да не беше трагична, одлуката за Катица Јанева ќе беше смешна

Да не беше трагична, одлуката за ослободување на Катица Јанева од притвор ќе беше смешна, реагира ВМРО-ДПМНЕ на одлуката на Апелацискиот суд за префрлање на Јанева во куќен притвор.

„Нема подобар пример за функционирањето на Кацарска судството и Русковска обвинителството од начинот на кој што ја водат истрагата за случајот ‘Рекет’.

Од самиот старт првин негираа дека постои предмет, а Зоран Заев обвинуваше дека се било конструкција на еден суетен новинар и едно лице со поинаква сексуална определба.

Бидејќи пред фактите и боговите молчат, Зоран Заев мораше да се согласи неговата Русковска да отвори истрага, но до последен момент ја бранеше Катица Јанева.

Повеќе од јасно е дека сме сведоци на сценариото кога се реализираат спогодбите со инволвираните во аферата ‘Рекет’ само за да не ја откријат нивната врска со главата на октоподот Зоран Заев”, се вели во соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе