ВМРО-ДПМНЕ: Да бевме нормална држава Заев ќе беше затворен за корупција

Власта на СДСМ наместо да инвестира во здравствениот систем се фокусираше на рекет на огромни суми пари. Последиците од нивните злоупотреби ги чувствуваме сите. Македонското здравство се распаѓа. Секој ден имаме  повеќе од 150 заболени и десетина починати. Повеќе од 6.000 македонски граѓани се разболеа од ковид-19, а СДСМ се неспособни и незаинтересирани. Додека здравствените работници имаат сериозен недостаток и молат за медицинска опрема, имавме можност да видиме како директорот на Фондот за здравство Ден Дончев зема снопчиња со пари и ги става во чанта. Тоа е вистинското лице на македонските здравствени власти, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Република Македонија остана единствена држава во опкружувањето каде епидемијата на коронавирус сеуште неконтролирано беснее и како последица на тоа економијата пропаѓа, а сиромаштијата расте. Малите бизниси се оставени сами да се снаоѓаат, а помош од државата добиваат фирми блиски на врвот на СДСМ.

Македонија стана и центар за рекетирање и на бизнисмени во соседството. Пред два дена слушнавме како црногорски бизнисмен платил 300.000 евра на Заев за да добие одредени поволности за водење бизнис во Македонија. Единствено тука рекетарите се заштитени од „трас трас“ судството контролирано од Заев.

Меѓународните организации го гледаат и нотираат криминалот на власта. Не зачудува фактот што Македонија е на дното на рангирањето на Индексот за перцепција на корупцијата и е пласирана на 106-то место. Со ваква власт почнување на преговори со ЕУ е сѐуште далечна и неостварлива цел.

Власта на СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе