Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Да беа живи Глигоров и Трајковски јавно ќе се откажеа од Зоран Заев

Не постои поголем лицемер и лажго од Зоран Заев. Не постои политичар кој толку бесрамно ги распродавал националните интереси како Зоран Заев. Не постои човек кој толку погазил се она за кое работеле сите претходни генерации. СДСМ нема право да говори за почит, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Гордан Шутаров од СДСМ.

„Претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски се залагаа за независна и суверена Република Македонија. Претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски го почитуваа зборот на граѓаните. Тоа говори јасно и референдумот од 1991 година каде граѓаните се изјаснија за независна и суверена Република Македонија.

Зоран Заев и неговата влада сето тоа го погазија и го сменија името на државата, иако пред избори ветуваа дека немале да го чепкаат Уставот.

СДСМ и Заев ги погазија делата за кои се бореа претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски.

Да беа живи, Глигоров и Трајковски јавно ќе се откажеа од Зоран Заев и неговата антимакедонска политика.

Најважно Заев и СДСМ не ја испочитуваа искажаната волја на граѓаните, туку против волјата на народот го сменија името со потпишување на капитулантскиот договор во Преспа.

Поради сето ова крајот на оваа недемократска власт се ближи, народот ќе им пресуди на предвремени парламентарни избори“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе