Предвремени парламентарни избори

ВМРО-ДПМНЕ: Целосна гасификација, обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност...

Во нашата програма Обнова на Македонија ветуваме целосна гасификација на Македонија, поголема искористеност на обновливите извори на енергија, зголемување на енергетската ефикасност, обезбедување на континуирано и одржливо производство на електрична енергија, функционален и ефикасен преносен електроенергетски систем, поквалитетен систем за дистрибуција на електрична енергија, организиран пазар на електрична енергија, интегриран во европскиот пазар на електрична енергија, развивање на системи за топлификација, политики за развој на енергетиката, и политики за развој на рударски капацитети и минерални суровини, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Посебен акцент ставаме на гасификацијата на целата територија на Република Македонија. Се обврзуваме на 285 километри на магистрални гасоводи и бесплатен приклучок на гас. Ветуваме завршување и пуштање во употреба на проектите кои беа започнати од ВМРО-ДПМНЕ во претходниот мандат во Владата на Македонија, и тоа магистрален гасовод Неготино (Кавадарци) – Битола и Скопје - Тетово – Гостивар. Изградба на магистрален гасовод Штип - Радовиш - Струмица – Гевгелија, Гостивар – Кичево, Свети Николе – Велес, Битола - Ресен - Охрид – Струга. Поврзување на ТЕЦ Неготино на природен гас. Изградба на делници за поврзување на технолошко-индустриските, развојни зони во Штип, Прилеп, Тетово, Радовиш, Струмица, Кичево, Струга, Гевгелија , како и индустриската зона Жабени.

          Паралелно со изградба на националниот гасоводен систем ќе се пристапи кон подготвителни работи за изградба на дистрибутивните мрежи на природен гас, со што ќе овозможиме гасот да биде директно достапен до домаќинствата, индустриските и други стопански објекти и јавни установи во Македонија. Со изградбата на дистрибутивните мрежи се очекува намалување на трошоците на граѓаните и други економски субјекти за затоплување и користењето на топла вода, како и намалување на загадувањето што ќе придонесе за подобра животна средина.

Ќе го субвенционираме во целост приклучокот на дистрибутивната мрежа за гас со цел да овозможиме гас за секое домаќинство“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе