ВМРО-ДПМНЕ: Царовска не сака да види дека учениците и родителите се против укинувањето на учебниците

Арогантната и тврдоглава министерка за образование и наука, Мила Царовска продолжува со самоволието и по протестот на родители, наставници и ученици. Мила Царовска не гледа дека и се случува силен револт против реформите во образованието. Царовска не сака да согледа дека јавноста е особено против укинувањето на печатените учебници и промовирање на елитистички приод со само дигиталните изданија на учебници и онлајн настава, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Царовска е упорна во ширење полувистини дека учебници ќе има, но не кажува дека ако се донесе законот, тие ќе бидат само дигитални и недостапни за сите ученици. Таа сѐ уште ја крие вистинската причина за ваков чекор незабележан до сега во Европа и упорно тврди дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад протестите и не дозволува модерни реформи во образованието. Ѝ предочуваме дека не сме против модернизација и дигитални учебници, но и тоа дека за учениците бараме и печатени учебници и настава со физичко присуство, затоа што нејзините лажни вести со успешноста на онлајн наставата станаа јасно видливи. Да, ги подржуваме барањата на родителите, наставниците и учениците и сме против избрзани, необмислени и натурени реформи.

Нема да дозволиме експеримент над деца и нема да дозволиме насилно наметнување на несоодветни промени за постоечката инфраструктура. ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на експерименти над децата. Се спротивставуваме на дискриминација на учениците. Се спротивставуваме на укинување на бесплатното образование“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе