„Ако имаше правна држава после вчерашните тврдења на Јовановски, Обвинителството ќе го повикаше на распит Зоран Заев да одговори каква била неговата улога во спорната зделка меѓу бизнисмените и Меѓународниот сојуз. Како што сведочеше обвинетиот Јовановски, за оваа зделка знаеле Зоран Заев, Александар Кирацовски и Стефан Богоев. Како што изјавил и бизнисменот Амзовски, ваквите зделки ги правел само затоа што политичари од власта тоа му го советувале. Сведоштвата потврдуваат дека Зоран Заев знаел за работењето на Меѓународниот сојуз, кој сега е предмет на судски прогон, бил добро информиран и давал поддршка активностите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, ова значи дека сите активности за кои сега се товари Меѓународниот сојуз биле правени под покровителство на Зоран Заев.
Но, обвинителството и судството во Македонија се ставени под канџите на Заев и не смеат да ја истражат неговата улога, смета партијата и додава дека секое споменување на неговото име во судница е строго забрането, а секое обвинение кое се поврзува со него завршува или во фиока или со нова „аболиција"
„Заев треба да знае дека правдата можеби е бавна, но ќе пристигне“, порачува ВМРО-ДПМНЕ.