ВМРО-ДПМНЕ: Бочварски против Заев, трасата за Кичево-Охрид не е промашена

Зоран Заев свесно лажеше дека трасата за автопатот Кичево - Охрид била промашена само за да го оцрни проектот на ВМРО-ДПМНЕ, за да ја оправда сопствената неспособност и да украде пари. Вчера неговиот послушник Бочварски призна дека лажеле и дека трасата не е промашена, а Заев за три години власт не успеа да го доврши проектот, но склучи дополнителни анекси на договорот тешки стотици милиони евра, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев ги излажа граѓаните пред предвремените парламентарни избори во 2016 година. Заев  ги лаже граѓаните и сега. Разликата е што во 2016 граѓаните му поверуваа, а сега никој не му верува. Граѓаните не му веруваат, затоа што вети дека ќе даде 140 милиони евра за развој на домашните фирми, а даде 10 милиони евра преку Фондот за иновации на фирми на роднини на функционерите на СДСМ. Граѓаните не му веруваат на Заев затоа што вети дека ќе ги изгради ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ  Галиште. Три години како е на власт нема ни И од изградба.

Граѓаните не му веруваат на Заев  затоа што вети пренамена на ТЕЦ Неготино во енергетско-земјоделски комбинат, кој ќе функционира на природен гас. Три години откако е на власт ништо од тоа што е ветено не е ни почнато.

Зоран Заев сѐ што вети излажа. Владата е генератор на лажни вести. Следува одговорност за сите лаги во изминативе 3 години. 

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе