Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Бочварски оди по стапките на својот шеф и лаже како Заев

Бочварски оди по стапките на својот шеф Зоран Заев, лаже како Зоран Заев, без тронка совест и лагите на Заев и СДСМ со секој изминат ден стануваат се поочигледни, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Благој Бочварски.

Бочварски пред неколку дена призна дека Заев и СДСМ лажеле дека е промашена трасата на автопатот Кичево – Охрид. Зоран Заев преку ширење на лажни вести три години ја манипулираше јавноста дека наводно била промашена трасата на автопатот Кичево – Охрид. Три години владата на СДСМ ја стопираше изградбата автопатот Кичево – Охрид, за да можат да склучат нови анекси на договорот тешки 180 милиони евра. Изградбата на овој автопат тапка во место. Како што беше оставен во време на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, така е сега. СДСМ само ги критикуваат проекти, а истите ги немаат испроектирано ниту еден метар нов автопат. СДСМ единствено манипулираат со бројки. Лага е дека изградиле 400 км нови водоводи и канализации. Голема лага е дека управната зграда на скопски Водовод е изградена за 20 милини евра вистина е дека ВМРО-ДПМНЕ зградата ја изгради за 7,5 милиони евра со се мебел. Зградата е ново и репрезентно здание која има користен простор со се гаражите од 10000 метри квадратни", се вели до реакцијата на опозициската партија.

Од таму додаваат дека СДСМ со лаги дојдоа на власт, со лаги ќе си заминат од власт.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе