ВМРО-ДПМНЕ: Бислимоски и Орцев се партиски инсталации на Заев во РКЕ

Зоран Заев и СДСМ преку своите инсталации и партиски активисти во Регулаторната комисија за енергетика ја поскапуваат струјата, а со тоа го осиромашуваат народот. Марко Бислимоски е само фигура преку која говори Заев и неговиот бизнис интерес. Бислимоски не е независен, тој е активист на СДСМ. И за тоа постојат фотографии од кои се гледа како тој со поширокото раководство прославува во централниот штаб на СДСМ, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Бислимовски не е единствениот член на РКЕ од редовите на СДСМ. Заев во РКЕ ги згрижил буквално луѓето од најголема доверба, како Панче Орцев, поранешен пратеник од Струмица и бизнис партнер на Заеви. Бислимоски и Орцев, кои се партиски луѓе на СДСМ не можат да бидат независни. Тие се истурени играчи на Заев, кои му служат на неговиот интерес. Двајцата преку РКЕ ја поскапуваат струјата за да можат Заеви преку универзалниот снабдувач да испумпуваат десетици милиони евра преку тендери за обезбедување, кои ги добива една струмичка агенција за обезбедување.

И додека народот плаќа поскапа струја камиони со струмички таблици возат за РЕК Битола и по 30 часа на ден. СДСМ и буквално бара начин плус како да се испумпаат парите на граѓаните од државните сметки во нивните приватни џебови. Затоа се поскапува струјата. За пари и за богатење на власта.     Крадењето на народот мора веднаш да запре.

ВМРО-ДПМНЕ испорача 3 барања, кои очекуваме мафијата на власт да ги прифати за доброто на народот во најбрз можен рок. Бараме враќање на старата цена на електричната енергија со намалување на процентот за универзалниот снабдувач, воведување на неделен викенд без данок на додадена вредност и професионализација на Регулаторната комисија за енергетика“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе