ВМРО-ДПМНЕ: Бараме проширување на истрагата за „Рекет“ и притворање на Катица Јанева

Кој лаже, тој и краде, а Катица Јанева и лаже и краде исто како нејзиниот ментор Зоран Заев. Пријателката на притворениот рекетар Боки 13, наводно се разболе дента кога беше обелоденета аферата за рекетарскиот политичко-судско-медиумски октопод на СДСМ. На Јанева не може да ѝ се верува и затоа надлежните мора да испитаат дали го фалсификувала или злоупотребува боледувањето, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во Република Македонија владее рекетарска, корумпирана и криминална влада. Со СДСМ и Заев правото и правната држава го допреа дното. Јавноста мора да знае кои се Кики и Фрики од рекетарската приказна објавена во медиумите и дали овие лица се високи претставници во СДСМ како што се зборува и само поради тоа се амнестираат од одговорност?

Зошто јавното обвинителство ја штити од одговорност Катица Јанева? Дали во нејзиниот мобилен телефон се пронајдени дополнителни докази кои утврдуваат нејзина директна вмешаност и зошто за неа се уште нема мерка притвор поради можност за влијание на сведоци, повторување на делото или бегство?

Мора да се спроведе детална и сериозна истрага кој сѐе вмешан во ова криминално и корумпирано СЈО, бидејќи само апсењето на Боки 13 и Зоран Милески Кичеец значи заштита на главата на октоподот и другите инволвирани во оваа рекетарска приказна.

СЈО, СДСМ и Заев ја девалвираа правната држава и институциите. Правото и правдата мора да важат подеднакво за сите. Секој што се огрешил пред законот мора да одговара.

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш проширување на истрагата и притворање на Катица Јанева поради можност за бегство, влијание врз сведоци од позиција на специјален јавен обвинител и уништување на докази.

Правото и правдата мора да владеат во Република Македонија, а тоа е можно само доколку криминалниот картел наречен СДСМ и Заев си заминат од власт и веднаш распишат предвремени парламентарни избори“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе