ВМРО-ДПМНЕ бара Владата да објави каков предлог дал Заев во Софија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара од Владата да објави каков предлог однел премиерот Зоран Заев во Софија, со оглед дека велел оти се преговара само за португалскиот предлог.

„Заев повторно на маса вчера става отворање на Уставот и ветува работи за кои нема согласност. Воедно беше соопштено дека Заев дал предлог до бугарската Влада. Јавноста има право да знае каков предлог и каков подарок овој пат Заев нуди на официјална Софија. Нели се преговараше само португалскиот предлог?

Зоран Заев со секоја нова изјава продава се повеќе и повеќе, позициите на државата со Заев се трајно разнишани. Дали предлогот на Заев содржи работи со кои ги продава и идентитетот и историјата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, останува отворено и прашањето кои се петте историски личности за кои има согласност.

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе