ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш оставка од Оливер Спасовски

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го повика министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски веднаш да поднесе оставка, обвинувајќи го дека додека го ажурира партиското членство Сашо Мијалков му побегна пред очи.

„Иако институциите знаеле уште од саботата дека постои опасност да бега, МВР 24 часа не преземале ништо и чекале да побегне. Според информациите кои излегоа во јавноста институциите знаеле уште во саботата во 16 часот дека постои опасност од бегство на Сашо Мијалков, но не преземале ништо. Чекаа да помине цел ден и Мијалков да избега.

Доколку Спасовски знаел дека Мијалков ќе бега, зошто не ги преземал сите неопходни мерки против негово бегство? Зошто дозволил Мијалков да побегне?

Со самиот факт што Спасовски знаел за бегството на Мијалков и не преземал ништо говори дека Спасовски свесно го пуштил Мијалков да избега“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека постои основан сомнеж за договор Заев-Спасовски-Мијалков за бегството на Мијалков, па Спасовски мора веднаш да си даде оставка.

 

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе