ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Комисијата за заразни болести и од Филипче

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги обвини министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести за вчерашните 870 нови заболени од ковид-19 и 14 починати и побара нивна оставка.

„Македонија со Венко Филипче на чело на здравството руши негативни рекорди. Бројката од 870 заболени за само еден ден е директно негова вина. Филипче преспа цело лето, иако знаеше дека доаѓа есенски бран на ковид не се подготви. Бројот на починати е исто така алармантен, 14 вчера, а веќе неколку дена бројката е двоцифрена. Болничките капацитети се исполнети, Филипче цело лето не направи ниту една болничка просторија повеќе. Вакцини против сезонскк грип нема. Хронично болните се на удар. Медицинскиот персонал не е целосно обучен, иако можеше да се примени систем на ротација, тоа не се направи. Венко Филипче не направи ништо со што ќе го спречи енормното ширење на заразата“, пишува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека дополнително проблем е и загадувањето, за кое, според нив, власта 4 години нема решение, „иако тврдеа дека ќе го решат проблемот со загадениот воздух веднаш откако ќе дојдат на власт, 4 години потоа воздухот е позагаден од кога било претходно“.

„Комбинацијата од загадениот воздух и ковид влијае фатално за лицата со хронични болести, а е и проблем за трудниците, затоа ВМРО-ДПМНЕ бара нивно ослободување од работа“, се додава во соопштението.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе