„Хаосот кој го живееме е резултат на неспособноста и незаинтересираноста на Венко Филипче. Го преспа цело лето, а не направи ниту еден нов болнички капацитет, не го зголеми медицинскиот персонал, ниту пак набави вакцина против сезонски грип.
Есенскиот бран на ковид го фати целосно неспремен Филипче, иако самиот тврдеше дека на есен вирусот ќе биде појак, ништо не презема.
Лошиот менаџмент со системот придонесе Македонија да е една од земјите на врвот во Европа по заразени на милион жители, но и починати. Ова е жално и трагично.
Сѐ што направи Филипче е вперување на прстот за вина кон граѓаните“, пишува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение во кое додава дека не се виновни граѓаните иго повикува Филипче да преземе одговорност и да поднесе оставка веднаш.