ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност и оставка од Филипче

ВМРО-ДПМНЕ повторно го обвини министерот за здравство Венко Филипче дека потфрлил, откако вчерашните податоци за заболени од ковид-19 покажале дека една третина од тестираните биле позитивни и побара тој да поднесе оставка.

„Хаосот кој го живееме е резултат на неспособноста и незаинтересираноста на Венко Филипче. Го преспа цело лето, а не направи ниту еден нов болнички капацитет, не го зголеми медицинскиот персонал, ниту пак набави вакцина против сезонски грип.

Есенскиот бран на ковид го фати целосно неспремен Филипче, иако самиот тврдеше дека на есен вирусот ќе биде појак, ништо не презема.

Лошиот менаџмент со системот придонесе Македонија да е една од земјите на врвот во Европа по заразени на милион жители, но и починати. Ова е жално и трагично.

Сѐ што направи Филипче е вперување на прстот за вина кон граѓаните“, пишува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение во кое додава дека не се виновни граѓаните иго повикува Филипче да преземе одговорност и да поднесе оставка веднаш.

 

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе