Реакција по прес-конференцијата на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска е успешен менаџер, а Шилегов е неспособен неработник

Данела Арсовска е успешен менаџер и победник на претстојните локални избори, а  Петре Шилегов е минато и губитник. Арсовска е жена која е високопочитувана во бизнис заедницата, која зад себе има голем број на проекти и завршени работи. Шилегов зад себе има празни ветувања и 20 проценти реализација на програма, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на СДСМ на која беше речено дека Арсовска е кадар на Груевски.

„Арсовска целиот свој работен век креира додадена вредност за општеството, а Шилегов потроши 12.5 милиони евра од продажбата на градската куќа, а никој не знае на што и како. Арсовска помагала во раст и развој на голем број на компании, а какатеристично за Шилегов е тоа што за противпожарна скала платил 900.000 евра повеќе од тоа што за истата таква скала платил градот Загреб“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, неспоредливи се Данела Арсовска и Петре Шилегов, дека таа е „работник, упсешен менаџер, а Шилегов е неспособен неработник и мрзелив.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе