ВМРО-ДПМНЕ: 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија со еден оброк на ден

Економијата во Република Македонија e жртва на криминалот и корупцијата на власта предводена од аболицираниот Зоран Заев, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение во кое вели дека „штетните политики на криминалната банда на власт негативно се одразуваат на животот на граѓаните за кои СДСМ донесе само беда и сиромаштија“.

„Катастрофалнa e бројката од 500 илјади граѓани кои живеат во сиромаштија, граѓани кои денот го поминуваат со еден оброк, додека криминалците од власта ги бројот милионите на своите сметки, а се заработени на грбот на граѓанинот преку криминални тендери и грантови. Граѓаните не можат да си дозволат да отидат на годишен одмор, а повеќе од 80 проценти од нив размислуваат и бараат начин како да ја напуштат Република Македонија.

Нивото на реализација на капиталните инвестиции за првите 6 месеци е под 20 проценти, а тоа е доказ дека Владата на аболицираниот Заев не работи ништо“, се вели во соопштението.

Според партијата, македонската економија со Зоран Заев на чело на Министерството за финансии ќе го допре дното.

„Со ова криминалната банда на власт го достигнува врвот на своите анти-економски политики“, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобро.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе