Партиско соопштение

ВМРО-ДПМЕ: Aтентат врз Александар Вучиќ подготвувал мафијаш кому Спасовски му даде пасош

Cпоред информации на Европол, потврдени од МВР на Србија, откриен e заговор за атентат врз претседателот на Србија Вучиќ, а атентаторот е лицето Радоје Звицер, кој добил македонски пасош, соопшти ВМРО-ДПМНЕ нагласувајќи дека нов скандал го тресе македонското МВР.

„ВМРО ДПМНЕ во рамките на обелоденувањето на аферата 'мафија' пред помалку од една година откри дека на списокот мафијаши и криминалци кому Спасовски им издал легален македонски пасош, но под друго име, е токму атентаторот на Вучиќ, Радоје Звицер“, пишува во партиското соопштение и се додава дека иако помина една година, нема виновни за аферата, за давањето на македонски пасоши на „регионални и светски мафијаши“.

Освен симболична казна за неколку службеници во МВР кои треба да бидат колатерална штета нема одговорност за вистинските организатори на ваквата мрежа за издавање на македонски пасоши, се вели во соопштението и се оценува дека „нема криминалец кој не оперира со пасошите на Спасовски со македонско знаме“ и дека „Спасовски е отворен заштитник на криминалот“.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе