ВМРО-ДПМНЕ

Василевска: МВР две недели молчи за сообраќајката на заменик министерот за култура Лазовски

МВР на Оливер Спасовски речиси две недели сѐ уште не се изјаснил официјално околу сообраќајната несреќа која ја предизвика заменик министерот за култура, Владимир Лазовски. Тој направи сообраќаен прекршок, со службено возило без документација за дозвола за управување, загрози човечки живот и причини материјална штета на недолжен граѓанин на Република Македонија кој ги почитува сообраќајните прописи. Лазовски ја злоупотреби  својата позиција и својата функција и уште еднаш покажа дека оваа Влада својата неинвентивност ја користи на начин што предизвикува насекаде нереди и хаос со која го загрозува животот на македонските граѓани, изјави пред Министерството за култура Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„МВР и Спасовски како и заменик министерот за култура, Лазовски треба да знаат дека тие се избрани од граѓаните како што не се, и ќе заминат со одлука на граѓаните како што треба. Сакаме да потсетиме и да прашаме дали „метлата“ која ја понуди Драган Спасов-Дац, кој пред речиси неполна година исто така во пијана состојба, како висок државен функционер направи тешка сообраќајна несреќа, демонстрира чистење или исправување во редовите на СДСМ и оваа ненародна власт. Дали навистина овој перформанс ќе го опфати Лазовски како и Зоран Заев кој дозволува да се случуваат вакви неправилности во македонската држава?

Ве повикувам на одговорност, ве повикувам на совесност и посакуваме да се разјасни случајот со најдобри намери за Република Македонија“, изјави Василевска.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе