Реакција

„Вардар Експрес“: Нашите возачи работат со заштитна опрема и се сместуваат во посебни простории за карантин

„Вардар Експрес“ реагира на веста која вчера беше испратена од роднини на вработени лица во нивната агенција дека во време на коронавирус и при транспорт на лица во карантин возачите работат без опрема и не се изолирани. Претходно нашата редакција врз основа на емајл, како и телефонски разговор со роднини на вработени во „Вардар Експрес“ објави изјави од истите.

Реакцијата ви ја пренесуваме во целост: 

„Ја демантираме објавата на 23.03.2020година, бидејќи во истата изречени се голем број на невистинити тврдења во поглед на транспорт на лица од места за карантин без да им биде обезбедена опрема и без обврска за самоизолација. Превозот на патниците се води исклучиво по пропишани правила за заштита од Корона вирусот според Светска Здравствена Организација, како и правилникот за заштита на Министерство на Здравство на Северна Република Македонија. Патницит се одвн со специјални паавани на ское четврто седиште. Пред самиот влез на патниците во автобусот им се мери температура, се доделуваат заштитни маски, ракавици и средства за дезинфекција. Додека за возачите обезбедени се заштитни одела(набавени од аптките), маски, ракавици и при влегување во автобусот и започнување на работните ангажмани, мерење на температурата. По работниот ангажман возачите се сместени во посебни простории за карантин, за поголема превенција и заштита на нивните семејства, за да се исклучи секој ризик за ширење на вирусот. При функција на секој автобус и завршување на превозот се врши дезинфекција од страна на фирмата ,,СТАРС ДДД''. „Вардар Експрес“ ги поддржува мерките за заштита и одржување на здравјето на колективот. Самиот ангажман за превоз на лицата на кои им е изречена мерка карантин и самоизолација претставува уште едена активност во заштита на колективот, одговорност која ја спроведуваме со најголема заштита пред се заради нашите вработени и нивните семејства а потоа и за целото општество", се вели во реакцијата на „Вардар Експрес".

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе