Твоја: Спиеш ли мирно Зоране Заев?

Џабе е измислување институции, функции, џабе е удирање во гради за борба против корупцијата кога сите постоечки се нефункционални, парализирани, стерилни, без капацитет, се вели во соопштението на партијата Твоја објавено на фејсбук.

„Сето празнословие паѓа пред чувството на корупција во судството, обвинителството, градежништвото, здравството, екологијата, образованието односно во сите пори од животот. Сета хипокризија и демагогија се открива со Охрид, Треска-Матка, Аеродром, Центар, Карпош, Мавровка, Иловица, Тетово, (РЕК) Битола. Ние сме заплеткани во пајаковата мрежа и чувствуваме дека тонеме од вашите тендери и небулози, од ДУИ и клиентилизмот, од демагогија и политиканство.

Ги губиме нашите соништа, нашите идеали за подобар живот, полека ги губиме и нашите деца. Животот ни се сведе на кошмари од празни ветувања, препукувања, партизација и дехуманизација. А ти, спиеш ли мирно Зоране Заев?“, соопшти Твоја.

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе