„Сето празнословие паѓа пред чувството на корупција во судството, обвинителството, градежништвото, здравството, екологијата, образованието односно во сите пори од животот. Сета хипокризија и демагогија се открива со Охрид, Треска-Матка, Аеродром, Центар, Карпош, Мавровка, Иловица, Тетово, (РЕК) Битола. Ние сме заплеткани во пајаковата мрежа и чувствуваме дека тонеме од вашите тендери и небулози, од ДУИ и клиентилизмот, од демагогија и политиканство.
Ги губиме нашите соништа, нашите идеали за подобар живот, полека ги губиме и нашите деца. Животот ни се сведе на кошмари од празни ветувања, препукувања, партизација и дехуманизација. А ти, спиеш ли мирно Зоране Заев?“, соопшти Твоја.