Tвоја: Прво екстрадиција на обвинетите во случајот „Монструм“, па заедничка владина седница со Косово

Премиерот Заев не смееше да дозволи заедничка седница на владите на Македонија и Косово додека не ги екстрадираат обвинетите за петкратното убиство кај Смилковско езеро. Треба да се замрзне секоја политичка соработка до исполнување на овој услов. Така прави нормална држава кога сака да ја реализира правдата. Не може да соработуваме со држава која штити криминалци и убијци. Во спротивен случај владата станува соучесник во злочинот и ги омаловажува животите на сопствените граѓани, се вели во соопштението на Твоја.

„Заев очигледно не знае да ги штити националните интереси и достоинството на државата. Не извлече поука од преговорите со Грција која ги реализира сите поставени услови (уцени). Ова е само продолжение на политиката на виткање кичма и малодушност во надворешната политика додека дома глумат одлучност и моќ. Заради истата таа Грција го сменивме и знамето без никакви противбарања од наша страна што е нонсенс во политиката каде нема љубов, само интереси. Заев дозволува да го газат нашето достоинство и борбата за правда“, соопшти Твоја.

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе