Твоја: Она што треба Заев, Филипче, Шекеринска, Спасовски и Битиќи да го направат за својот народ е - оставки

Итна и неотповиклива оставка од сите функционери кои на кој било начин беа вклучени во процесот за набавка на вакцини. Се обидоа да манипулираат со јавноста, најдрско обидувајќи се да ги прикријат неверојатните пропусти кои доведоа до тоа Македонија до денес нема купено ниту една вакцина. Сето ова многу опасно го загрозува здравјето на граѓаните и му нанесува огромна штета на стопанството, се вели во денешното соопштение на Твоја.

„Клучен период во процесот на набавка на вакцини беше мај-септември 2020 година, период којшто Владата буквално го преспа, преокупирана со резултатите од изборите и делењето на функционерски позиции. Додека нашата неспособна влада наивно се надеваше дека други држави ќе се грижат за нашите граѓани и ќе ни дадат вакцини, сите други држави склучуваа договори со производителите и не се трудеа да го политизираат овој процес, туку на време купуваа вакцини од Русија и Кина. Ние пак се трудевме да купиме исклучиво „западни” вакцини бидејќи наводно се трудиме да одиме на „запад” (изјава на министерот Битиќи). Со тоа, Македонија е меѓу последните држави на списокот на нарачки.

Потсетуваме и на изјавите на министерката за одбрана Радмила Шекеринска која со неподнослива леснотија тврдеше дека вакцини немаме од причина што се грижеле за нашето здравје и не сакале да набавуваат вакцини кои не ја имале поминато четвртата фаза на испитување. Шекеринска би морала да знае дека ниту една вакцина ја нема поминато четвртата фаза и дека сите одговорни држави го прифатија овој факт.

Особено трагикомични се изјавите на премиерот Заев дека основна грижа му било одговорно располагање со парите на граѓаните и дека количините на нарачани вакцини, веќе ја надминуваат црвената линија што веќе можело да предизвика и фрлање на огромни количини вакцини.

Навистина сме згрозени од фактот што до сега во Македонија нема де факто пристигнато ниту една вакцина, а Владата се обидува тоа да го претстави како успех, притоа потценувајќи ни ја интелегенцијата. Македонските граѓани секојдневно се соочуваат со ковид арачот кој им го наметнуваат приватни клиники, приватни тестирања што на одредени субјекти им носи огромен екстра профит и секојдневни задолжувања за лечење, набавување на лекови или тестови. Ние сме единствената држава во светот во која пациентите од Ковид се лекуваат приватно, на сопствен трошок.

Исто така сметаме дека воведувањето на задолжителен ПЦР тест за луѓето кои доаѓаат од т.н. егзотични дестинации е апсолутно задоцнето бидејќи веќе имаме увезено случаи на мутирани вируси кои во земјата ги донесоа туристи од овие краеви. За жал нашите власти не забележаа на време дека во Хрватска и Чешка мутираните вируси ги внесоа туристите од Занзибар.

Неотповикливи оставки од министерот за здравство Венко Филипче, премиерот Зоран Заев, Оливер Спасовски, кој во клучниот период беше технички премиер, Радмила Шекеринска и Битиќи, е најмалку што можат да направат за својот народ, бидејќи нула купени вакцини се непобитен факт, а цената и последиците од нивната неодговорност ќе ја плаќаме со човечки животи во најблиска иднина“, соопшти Твоја.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе