Реакција

Твоја: Измените во Изборниот законик според желбите на голeмите партии, а не според препораките на ОБСЕ

Големите, но во душа ситни партии, декларативно и јавно се залагаат за фер, транспарентни и демократски избори и плурализам. Но, штом се почувствуваат загрозени од нови ветрови на политичката сцена веднаш се активираат нивните малициозни фрустрации за загрозеност во комфорната зона во која со децении си уживаат, се вели во реакцијата на Твоја по брзото и едногласно усвојување на измените во Изборниот законик од страна на парламентарните партии.

„Иако, според Законот за финансирање на партии што самите си го предложија и донесоа, оваа година од буџетот на Македонија ќе си лапнат 4,5 милиони евра, сепак гледајќи ги настаните во блиското и подалечното опкружување каде доаѓа до продор на нови граѓански партии и движења, обземени од страв брзаат да ги променат условите за локалните избори, секако во нивна полза.
Каков фер плеј, какви бакрачи! Какво ОБСЕ, какви принципи! Битно ние да си останеме на власт и околу власта – е скриеното мото на големите партии и колку и да се претставуваат дека се спротивставени, кога имаат некој заеднички лукративен интерес брзо и тајно се спогодуваат, секако на штета на демократијата во државата.
Така од ведро небо СДСМ-ДПМНЕ-ДУИ-АА повторно сложно го истопорија контроверзниот предлог за измени на Изборниот законик, кој на 2 месеца пред избори претседателот не го потпиша, па сега во спринт-брза постапка пак го донесоа, па ако помине помине. Се убаво стокмено на 36 страници со многу бла-бла работи за да се заборават суштинските промени кои антикорупциската комисија претходно ги оцени како класичен пример за политичка корупција, а остануваат многу одредби полни со дискриминација кон малите партии и независните кандидати:
- Се воведува обврска до ДИК да се достават податоци за службени возила но ниту ДИК има капацитет да ги мониторира ниту пак се предвидени санкции за злоупотребување на службените возила. Случајно или намерно?
- Составот на партизираната Државна изборна комисија се менува согласно промената на силите во парламентот што самото по себе е убиство на независноста на комисијата и подложна на уцени и манипулации.
- Од 9 минути платено рекламирање, 8 се наменети за 4-те најголеми, а за вонпарламентарните и независните 30 секунди. Праведно или дискриминирачки?
- Рекламниот простор е 90% окупиран од големите 4 партии, а на останатите 10-тина мали партии и независни кандидати (уште 10-на) оставено е само 3% време за реклама.
- Парите од државниот буџет наменети за реклама се делат по истиот дискриминирачки принцип: 90% за 4 партии и 3% трошки за останатите вонпарламентарни партии и независни листи.
Најголемо разочарување е што наведените дискриминаторски предлози доаѓаат од министерот за правда Маричиќ кој заборавил дека доаѓа од граѓанскиот сектор и дека претходно со полна уста збореше за европските демократски вредности и принципи, унапредување на граѓанските слободи, рамноправност, балансираност, граѓански иницијативи итн. Вакви превртливи луѓе се изнагледавме претходниве 30 години кои кога ќе се сокријат зад партија забораваат на своите јавно искажани ставови и мислења.
СДСМ многу бргу заборави кој ги донесе и зошто дојдоа на власт и се исплашија од новите мали партии и независни граѓански иницијативи предводени од слободоумни граѓани кои бараат суштински промени и не се подготвени на трули компромиси. За нивно уништување секогаш ќе најдат партнер во ДПМНЕ и ДУИ затоа што работат по иста ментална матрица. Матрица која 30 години ја уназадува и разграбува државата и која животот во Македонија го прави недостоинствен и морално, вредносно и етички деградиран“, се вели во реакцијата на Твоја.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе