Твоја: Бегството на Мијалков е последниот чин од договорот со Заев

Играта е почната уште во 2016 година кога Заев се уште беше градоначалник на Струмица, со договори за инспекциите во општина Струмица, па преку амнестија, менување на закони, па обезбедување на 8 пратеници за уставните измени, па пуштање од притвор, со објаснувањето на Заев  дека „одглумил дека е против притвори”, за да не оди Мијалков во притвор. Подоцна следеше изјава на Заев каде објаснува како го носи Законот за јавно обвинителство за некои лица да не одговараат, а некои помалку да одговараат, соопшти партијата Твоја.

„Повеќе од јасно е дека ова е само реализација на одамна постигнат договор помеѓу Зоран Заев и Сашо Мијалков. Со ова, СДСМ ги исполни ветувањата дадени на Груевски и на Мијалков, а не ветувањата за правда, кои му ги дадоа на народот. Во суштина се примени истото сценарио како и при бегството на Груевски.

Затоа, потребно е Јавното обвинителство веднаш да почне сериозна истрага за контактите на Мијалков и Заев и нивната меѓусебна поврзаност од август 2016 до денот на бегството, 21 февруари 2021.

Во бегството на Мијалков најголема одговорност има Заев. Меѓутоа кривична и политичка одговорност има и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и службите во МВР, поради непреземање на соодветни мерки. Кривична и политичка одговорност има и директорот на Агенцијата за национална безведност, за непреземање соодветни мерки.

Најдиректна одговорност има обвинителството, кои наместо да постапат како во случајот „Монструм”, со изрекување мерка притвор и превенирање бегство, тие напротив, оставија простор и можност за бегство на Мијалков. Клучно во овој момент е замрзнување и конфискување на целокупниот имот на Мијалков, неговото блиско семејство, како и фирмите кои директно или индиректно се поврзани со него.

Во овој момент најважно е спроведување на сериозна истрага и лоцирање на одговорноста кај Обвинителство, МВР и Агенцијата за национална безведност. Меѓутоа покрај оставка од Оливер Спасовски, очекуваме  веднаш неотповиклива оставка и од Заев“, се вели во соопштението на Твоја.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе