TMРО: Западнобалканска унија значи Голема Србија и Голема Албанија

Тивко и скришум се спроведува западнобалканската унија или во превод нова Југославија без Словенија и Хрватска, а плус Албанија. Овој монструозен проект на ЕУ во превод значи Голема Србија и Голема Албанија, се вели во денешното соопштение на ТМРО.

„Овој проект во период од највеќе 10 години треба да ја доврши работата со бришење на македонското прашање и меѓусебна поделба на Македонија помеѓу Србија и Албанија. Македонија е предвидена за монета на поткусурување, во меѓусебното српско - албанско разграничување“. ТМРО го повикува државниот врв да ја информира јавноста за ваквата иницијатива, за која се нема никаков легитимитет, со оглед на тоа дека согласно Уставот, за какви било унии потребен е претходен референдум.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе