ТМРО: Вонредна состојба со 24 часовна забрана за движење

Од македонската Влада бараме итно да воведе времена максимална вонредна состојба на целата територија и тоа со забрана за 24 часовно движење надвор од домот, освен неопходното, во период од 15 дена, бара ТМРО.

„Бараме ставање во карантин со забрана на влез и излез од градовите, освен неопходните, затворање со работа на судовите и поштата, задолжителна дезинфекција на градовите со секојдневно прскање на улиците, итно барање за помош од Кина во лекари и материјал за самозаштита на населението, како маски и ракавици.

Гледано по бројки, со оглед на бројот на населението, Македонија е со најголем процент на заразени, па со оглед на лошата состојба на здравството и неможноста да се справи со состојбата, како и италијанската или шпанската влада, апелираме уште еднаш да се преземат овие неопходни мерки пред да биде предоцна“, соопшти ТМРО.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе