Реакција

ТМРО: Шекеринска можеше да го праша Дехари за судбината на 12-те киднапирани Македонци

По изјавата на министерката за одбрана, поврзана со сликањето со симболи на УЧК , ја потсетуваме дека е таа министер за одбрана на државата која беше цел на терористичките напади на оваа парадржавна формација, чија цел беа не само македонските безбедносни сили, туку и цивилите, соопшти ТМРО.

„На пример, Шекеринска можела да го праша соговорникот за судбината на 12-те киднапирани Македонци од Тетовско. Никому, ама баш никому од претходната влада ни на крај памет не му паднало да се слика со амблеми на УЧК, а уште помалку со туѓо знаме во своја држава. Шеќеринска е министер за одбрана на Македонија и освен пред македонско знаме, особено таа, како носител на државна безбедносна функција, не смееше ни да помисли тоа да го направи“, соопшти ТМРО.

Фотографијата на Шекеринска во кабинетот на градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари, со амблемот на УЧК, предизвика бурни реакции на поединци и организации.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе