Реакција

ТМРО: СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ си го креираат изборниот модел како што сакаат

Тивко и скришно, после полноќ во ниедно време, за да нема јавност, Собранието ги донесе измените на Изборниот законик со кој дел од Изборната единица 6 се префрла во ИЕ 5. Ова е уште еден доказ дека системот на власт е ист,  со лажни имиња на партии кои само внесуваат кај народот лажен впечаток за различност. Наместо една изборна единица и рамноправна можност за изборен процес, СДСМ, ВМО-ДПМНЕ и ДУИ си го креираат изборниот модел како што сакаат, се вели во реакцијата на ТМРО.

ТМРО е за фер и демократски избори, но со ваков систем, тоа е невозможно.

„Останува единствениот можен избор, а тоа е масовен бојкот на креаторите на овој систем и нивно делегитимирање , за сите направени антимакедонски постапки, од целиот народ без разлика на етничката и верска припадност“, се вели во соопштението на ТМРО.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе