TМРО: СДСМ сака да го укине плурализмот

Предлогот на СДСМ за укинување на годишниот надоместок од државниот буџет наменет за финансирање на партиите е директен чин за укинување на плурализмот во Македонија, се вели во реакцијата на ТМРО на предлогот на СДСМ сите политички партии да ги донираат предвидените средства од Буџетот во фондот за борба против коронавирусот.

 „Партиските простории на СДСМ се поранешните згради на Сојузот на комунисти на Македонија кои се градени со народни пари и тие се присвоени без никаков надоместок од СКМ-ПДП во 1991, односно СДСМ како наследник од 1995 година нема никакви проблеми со простории. ТМРО и другите партии немаат таква логистика и сите ние во моментов плаќаме месечна закупнина на деловни простории со режиски трошоци скоро низ цела Македонија, а дополнително и професионално вработени лица. Евентуалното укинување на средства за функционирање ќе значи целосно оневозможување на функционирање на партиите и нивно згаснување. Сметаме дека целосно укинување е погубно, но намалување од 10 до 20% од средствата наменети за оваа 2020 се прифатливи и во прилог на потребите од новонастанатата состојба“, се вели во соопштението на ТМРО.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе