ТМРО: Реформите во судството да започнат таму каде што заглавија пред 10 години

ТМРО во соопштение до медиумите предлага реформите во правосудството да започнат таму каде што заглавиле пред 10 години.

„Предлагаме законско решение изборот на судии и обвинители да биде повторно од редот на адвокати со над 10 години искуство во струката, а по предлог на Адвокатската комора или од редот на истакнати правници со најмалку 15 години стаж во струката со мандат од 5 години и можност на реизбор уште 5, но во никој случај стекнување статус обвинител или судија доживотно, што несомнено води до неизбежна корупција“, пишува во соопштението од ТМРО.

Оттаму додаваат дека ваквиот начин функционирал децении наназад, а „изборот на судии и обвинители од редовите на Академијата, каде со курс од 6 месеци на 25 години се станува судија или обвинител се покажа како неуспешен експеримент“.

 

 

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе