TMРО: Пендаровски да не го потпишува указот за Изборниот законик

Коалицијата СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ среде лето на само два месеца пред локалните избори, скришно и тивко сака да го донесе Изборниот законик со кој се определува праг од 3% за советник во општината, а доколку партијата не го мине, гласовите одат по Донтов модел 70% на првиот, а 30% за вториот, исто како и на парламентарните избори. На тој начин се врши изборен грабеж и гласовите на незаконски начин иако неосвоени, ќе одат за СДСМ и за ВМРО-ДПМНЕ, со што се создава лажна слика за број на гласови, се вели во реакцијата на ТМРО.

„Овој закон е режимски и недемократски и директно ја спречува демократијата и вољата на народот, но исто така и незаконски, затоа што најдоцна 6 месеци пред избори, не смее да има никакви измени. Ќе ја оспориме законитоста на овој закон пред Уставен суд, но го повикуваме и претседателот Пендаровски да не го потпише указот за негова примена“, изјави Ванчо Шехтански, претседател на ТМРО.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе