TMРО: Одлуката за дозволен извоз на брашно треба да се преиспита

Техничката влада треба да ја преиспита оправданоста на одлуката  на Министерството за економија  за укинување на забраната за извоз на брашно. Во соседството, Косово и Албанија немаат доволно државна резерва на брашно. Во услови кога е сѐ поверојатно дека светската криза ќе трае, а нѐ очекува и тешка земјоделска година, дозволениот извоз на брашно од државните резерви заради очигледни бизнис зделки многу брзо ќе предизвика недостаток од брашно во Македонија, се вели во соопштението на ТМРО.

„Ја предупредуваме техничката влада дека сите одлуки на штета на македонските национални и државни интереси ќе бидат преиспитани, па препорачуваме оваа одлука на ресорното министерство да биде укината“, соопшти ТМРО.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе