ТМРО: Кичево-Охрид, најскапите 56 километри автопат во светот, ОЈО мора да отвори нов предмет

Делницата Кичево-Охрид веќе седма година се гради, а крајот не е ни на повидок. Со анексот кој го потпиша претходниот министер од СДСМ, автопатот требаше да биде готов до јуни 2021, но очигледно тоа нема да се случи. Сега се најавува нов втор анекс со нови милиони евра, па од почетните 535 милиони, со првиот анекс станаа 720, а сега со вториот анекс ќе достигне неверојатни една милијарда евра.

„За нас е симптоматично што поранешен министер се терети за провизии, а сега кога цената стана дупло поголема, ОЈО за организиран криминал молчи. Бараме веднаш да се отвори предмет и непристрасно да се утврди зошто не се гради автопатот, зошто се прават нови анекси и зошто се трошат астрономски буџетски средства. Оваа делница од 56 километри ќе стане најскапа во светот со очигледна злоупотреба на буџетски средства, и молкот на институциите ќе значи дефинитивно отсуство на правна држава“, истакна претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе